Pere Risteski: Lice

Poezija

Пере Ристески

 

ЛИЦЕ

 

Беше лице наведнато,

насолзено под очите,

натажено и глуво,

однатре полно со гнев.

Беше лице изгужвано,

измрсулавено под носот,

јадосано и слепо,

однатре полно со очај.

Од раѓање луташе без воспитни цели

со став на непокор ―

ни на Стариот Завет,

ни на Бах,

ни на Шекспир.

Со народен танц

под нозе ја газеше онаа трошка

од моралот што ја сокривал во себе

како роб на своите амбиции

од своето раѓање.

 

577981_3643379937079_479779000_n (Custom)Пере Ристески, рођен je 1977 године у Струги, Република Македонија.

Живи и ради у Охриду, Република Македонија.