”Šafrane moj” – nova stihozbirka Sanje Atanasovske

Promocije

Сања Атанасовска ја објави стихозбирката „Шафране мој“

Излезе од печат стихозбирката „Шафране мој“ на македонската поетеса Сања Атанасовска. Книгата се состои од 56 песни, поделени во две поглавја, Љубовни песни и Ехо на душата. Во песните доминира љубовта како мотив. Книгата е во издание на издавачката куќа Слово љубве – букви букс од Скопје. Ова е четврта книга поезија на авторката. Атанасовска работеше на оваа стихозбирка во текот на книжевниот резиденцијален престој во Цетиње, Црна Гора во април 2019 година.